Featured

Добродојдовте на веб страната на нашето училиште

Учебната 2022/23 година започна на 01 септември 2022 година. На почетокот на учебната година во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце се запишани 326 ученици во 27 паралелки, од овие 270 ученици распоредени во 17 паралелки се во Централното училиште додека другите ученици се распоредени во подрачните училишта кои се наоѓаат во с. Псача, с.Герман и с.Радибуш.

Компетентност СТЕМ школска ознака

Основното општинско училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце доби европска ознака за СТЕМ образование Stem School Label – Competent. Ознаката покажува дека училиштето како заедница развива добра СТЕМ стратегија и дека е на вистинскиот пат кон подобрување на СТЕМ образованието на нашите ученици. Апликацијата за добивање на ознаката се развиваше последниот месец преку пставување на докази за добри СТЕМ практики од последните две години со кои докажуваме дека ги задоволуваме основните критеруми за добивање на истата.

Честитки до училиштето и тимот кој ја подготвуваше апликацијата.

Еразмус +КА101

Во рамките на проектот ,,Benchmarking course-Practice in Finland and Estonia“ од програмата Еразмус +КА101 , пет претставници од нашето училиште ООУ,,Христијан Тодоровски –Карпош“о.Ранковце учествуваа на обука во Финска и Естонија каде се стекнаа со нови вештини, практики и методи на работа.

На ден 26.05.2022г. во нашето училиште се одржа дисеминација на обуката на која присуствуваа градоначалникот  на општина Ранковце -Борче Спасовски заедно со претставник од секторот за образование Славица Стефановска, наставниците и стручните соработници од нашето училиште, претставници од Советот на родители и Училишниот одбор. 

Обучувачи за време на дисеминацијата беа  самите учесници во проектот , Симона Герасимовска-Ѓорѓиевска (координатор на проектот), Христина Младеновска, Севда Давидовска, Игор Николовски и Николчо Стевановски.

Тие пред присутните ги презентираа стекнатите знаења и вештини за време на нивната мобилност која се одржа во период од 01 Мај до 07 Мај 2022г. во Хелсинки и Талин.

Целта на проектот е развивање на нови вештини и имплементирање на нови практики во нашиот образовен процес.

                                            

Учебна 2021/2022 год

Учебната 2021/22 официјално ќе започне на 1 септември 2021 година а ќе заврши на 10 јуни 2022 година, учебната година ќе трае 180 наставни дена.

Наставата ќе се одвива со физичко присуство на сите ученици од 1 до 9 то одделение.

Првиот персонален компјутер “Аpple 1”

Стив Вознијак, соосновач на “Apple” заедно со покојниот Стив Џобс, сам во нивните почетоци направил, како што вели легендата, во гаражата на Џобс, само 200 примероци од “Apple 1”. Компјутерите настанале во текот на 10 месеци меѓу 1976. и 1977. година.

Продолжи со читање “Првиот персонален компјутер “Аpple 1””

%d bloggers like this: