Во ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце се реализираше воннаставна активност со наслов „Броевите на Фибоначи и фамилијарно дрво на пчели“ во која учествуваа членови на секцијата „Млади математичари“ под менторство на наставникот Игор Николовски . Учениците се запознаа со многу познатата низа на Фибоначи и графички го претставија количникот од Фибоначиев број и неговиот претходник и беше воведен златниот број φ. Преку истражување беше откриена поврзаноста на броевите на Фибоначи и фамилјарното дрво на пчели а исто така и со музиката. На крај користевме уред Micro:bit за кодирање на кој му зададовме алгоритми за пресметување нареден член во низата на Фибоначи.







