Дополнителна и додатна настава

Дополнителната настава ќе се огранизира за учениците кои имаат потешкотии во учењето и заостануваат по одделни наставни предмети или од оправдани причини подолго време отсуствувале од редовната настава. Оваа настава ќе се изведува во текот на наставната година со еден час неделно за учениците од II до IX оддление. За успешно организирање на дополнителната настава неопходно е континуирано следење и вреднување на успехот и напредокот на секој ученик, како и постојана контрола на неговите развојни особености и потреби. За дополнителна настава,образовните групи ќе се формираат во различни периоди, во зависност од времето кога се појавуваат одредени потешкотии кај поедини ученици. Содржините за оваа настава се специфични за секој ученик и затоа ќе се применуваат пред се индивидуална форма на работа, работа во групи, а ќе се користи и фронтална работа со учениците од секоја од групите.

Додатна настава ќе се реализира со учениците кои постигнуваат посебни резултати за определени научни и наставни дисциплини и напредуваат во рамките на задолжителната настава. Нејзина основна цел е да обезбеди систематска работа со надарени и талентирани ученици во текот на целата година, нивно креативно ангажирање, унапредување на способностите, потесна професионална ориентација, учество на натпревари итн. Оваа настава ќе се изведува во текот на наставната година со еден час неделно за учениците од II до IX оддление.

%d bloggers like this: