Подрачното основно училиште во с. Герман се наоѓа во планински предел. Во ова училиште наставата се изведува во комбинирани паралелки и тоа комбинарана паралелка од прво до петто одделение и комбинирана паралелка за учениците од шесто до девето одделение. Во ова училиште учат ученици од село Герман и од околните населени места.