Стив Вознијак, соосновач на “Apple” заедно со покојниот Стив Џобс, сам во нивните почетоци направил, како што вели легендата, во гаражата на Џобс, само 200 примероци од “Apple 1”. Компјутерите настанале во текот на 10 месеци меѓу 1976. и 1977. година.

Компјутерот бил продаван за 666,66 долари во информатичката продавница “The Byte Shop” во Силиконската долина. “Apple 1” бил меѓу првите модели на персонални компјутери кои можеле да се купат составени.

Проценките се дека постојат уште 63 примероци од првиот компјутер на “Apple”, но само дел од нив се и натаму во функција.
