Во рамките на проектот ,,Benchmarking course-Practice in Finland and Estonia“ од програмата Еразмус +КА101 , пет претставници од нашето училиште ООУ,,Христијан Тодоровски –Карпош“о.Ранковце учествуваа на обука во Финска и Естонија каде се стекнаа со нови вештини, практики и методи на работа.
На ден 26.05.2022г. во нашето училиште се одржа дисеминација на обуката на која присуствуваа градоначалникот на општина Ранковце -Борче Спасовски заедно со претставник од секторот за образование Славица Стефановска, наставниците и стручните соработници од нашето училиште, претставници од Советот на родители и Училишниот одбор.
Обучувачи за време на дисеминацијата беа самите учесници во проектот , Симона Герасимовска-Ѓорѓиевска (координатор на проектот), Христина Младеновска, Севда Давидовска, Игор Николовски и Николчо Стевановски.
Тие пред присутните ги презентираа стекнатите знаења и вештини за време на нивната мобилност која се одржа во период од 01 Мај до 07 Мај 2022г. во Хелсинки и Талин.
Целта на проектот е развивање на нови вештини и имплементирање на нови практики во нашиот образовен процес.



