Училиштето е главно средство за постигање еднаквост. Тоа е жариште на модерните друштва, мост меѓу поединецот и општеството. Образованието е фундаментално човеково право. Тоа им нуди на децата, младите и возрасните моќ критички да размислуваат, да прават избор и да си го подобрат животот.
О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце е образовна институција која се наоѓа во Општина Ранковце и во неа настава следат учениците од прво до деветто одделение. Во склоп на централното училиште се наоѓаат уште три подрачни училишта во населените места с.Псача, с.Радибуш и с.Герман.