Featured

Добродојдовте на веб страната на нашето училиште

Учебната 2023/24 година започна на 01 септември 2023 година. На почетокот на учебната година во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце се запишани 330 ученици во 27 паралелки, од овие 275 ученици распоредени во 17 паралелки се во Централното училиште додека другите ученици се распоредени во подрачните училишта кои се наоѓаат во с. Псача, с.Герман и с.Радибуш.

Erasmus +

ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце во периодот од 02 до 06 април 2024 год е домаќин на ученици и наставници од ОУ „Владимир Назор“ Комлетинци, Република Хрватска кои преку Erasmus + програмата одлучија да го посетат нашето училиште. Учениците и наставниците од двете училишта одржаа низа активности преку кои ги претставија двете држави, работилница за потеклото на азбуките на двете држави, потоа ги посетија Европска куќа, Музејот во Крива Паланка и Манастирот Св. Јоаким Осоговски кадешто дознаа многу корисни информации. Учиме, се запознаваме, соработуваме, се дружиме..

ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце стана второ училиште во Македонија со Стем ознака за Proficient

ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“, Ранковце доби European Stem School Label од повисоко ниво – Proficient. Нашето училиште постигна повисоко ниво на европската етикета за училиште СТЕМ од компетентно до стручно. Во април 2023 година училиштето за прв пат аплицираше за оваа ознака и доби ниво competent. По помалку од една година добивме повисоко ниво. Ова достигнување ја одразува посветеноста на нашето училиште за промовирање на СТЕМ образованието и ангажирање на учениците и наставниците во активности поврзани со СТЕМ. European STEM School Label е одлична иницијатива која им помага на училиштата ширум Европа да развијат ефективни СТЕМ стратегии и да го подобрат интересот и вештините на учениците во науката, технологијата, инженерството и математиката. Тоа е доказ за посветеноста на нашето училиште за поттикнување силна основа во СТЕМ образованието и подготовка на учениците за идните предизвици во овие области. Тимот кој учествуваше во подготовка на апликацијата за Европската СТЕМ ознака работеше заеднички за да ја покаже посветеноста на нашето училиште за СТЕМ образованието. Нивните напори вклучуваа развој на сеопфатна СТЕМ стратегија, документирање на успешни иницијативи и усогласување на нашиот образовен пристап со критериумите на ознаката. Нашето училиште се издигна од компетентно на стручно ниво во оваа престижна европска СТЕМ иницијатива, дополнително зацврстувајќи го статусот на нашето училиште на СТЕМ извонредност.

Компетентност СТЕМ школска ознака

Основното општинско училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце доби европска ознака за СТЕМ образование Stem School Label – Competent. Ознаката покажува дека училиштето како заедница развива добра СТЕМ стратегија и дека е на вистинскиот пат кон подобрување на СТЕМ образованието на нашите ученици. Апликацијата за добивање на ознаката се развиваше последниот месец преку пставување на докази за добри СТЕМ практики од последните две години со кои докажуваме дека ги задоволуваме основните критеруми за добивање на истата.

Честитки до училиштето и тимот кој ја подготвуваше апликацијата.

Еразмус +КА101

Во рамките на проектот ,,Benchmarking course-Practice in Finland and Estonia“ од програмата Еразмус +КА101 , пет претставници од нашето училиште ООУ,,Христијан Тодоровски –Карпош“о.Ранковце учествуваа на обука во Финска и Естонија каде се стекнаа со нови вештини, практики и методи на работа.

На ден 26.05.2022г. во нашето училиште се одржа дисеминација на обуката на која присуствуваа градоначалникот  на општина Ранковце -Борче Спасовски заедно со претставник од секторот за образование Славица Стефановска, наставниците и стручните соработници од нашето училиште, претставници од Советот на родители и Училишниот одбор. 

Обучувачи за време на дисеминацијата беа  самите учесници во проектот , Симона Герасимовска-Ѓорѓиевска (координатор на проектот), Христина Младеновска, Севда Давидовска, Игор Николовски и Николчо Стевановски.

Тие пред присутните ги презентираа стекнатите знаења и вештини за време на нивната мобилност која се одржа во период од 01 Мај до 07 Мај 2022г. во Хелсинки и Талин.

Целта на проектот е развивање на нови вештини и имплементирање на нови практики во нашиот образовен процес.

                                            

Првиот персонален компјутер “Аpple 1”

Стив Вознијак, соосновач на “Apple” заедно со покојниот Стив Џобс, сам во нивните почетоци направил, како што вели легендата, во гаражата на Џобс, само 200 примероци од “Apple 1”. Компјутерите настанале во текот на 10 месеци меѓу 1976. и 1977. година.

Продолжи со читање “Првиот персонален компјутер “Аpple 1””